Денеска се празнува Цветници!

Објавено: 28 април, 2013, во 08:48 часот

Православните христијани денеска го чествуваат празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица.

Цветници  секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека, му го постилале патот.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и со облека.

Цветници се празнува ден по Лазарева сабота. Двата празници се поврзани со пролетта и со цвеќето, со лазарските песни кои се пеат за личен и напредок на семејството.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.