Од утре дожд, грмежи и ветар!
Објавено на 2 мај, 2013 во 16:47
Во Македонија времето од утре во повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме а наместа и град.
Повеќе услови за нестабилност ќе има во северните делови.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 26 до 32 степена.
Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Во сабота и во недела ќе има изолирана појава на нестабилност, а во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.