Иванов: „Да им се посветиме на семејствата, особено на нашите деца“!

Објавено на 5 мај, 2013 во 11:58

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод големиот празник Христовото воскресение – Велигден до сите верници упати честитка. Им посака здравје, среќа и благосостојба.

– „Христос Воскресе-Навистина Воскресе. За многу години да ни е Велигден. На сите христијани кои денес го слават овој голем празник им посакувам се најубаво, многу здравје, радост и среќа во животот. Да има многу добрини и убавини, изјави Иванов, кој присуствуваше на Светата Златоустова литургија во соборниот храм „Св.Климент Охридски“.

Сложни и обединети во семејствата и во државата за просперитет и успех на сите нас, порача Иванов.

– „Да им се посветиме на нашите семејства, особено на нашите деца. Да им даруваме многу љубов, радост и да им даваме многу надеж. Кога сме обединети можеме да ги совладаме сите предизвици со кои се соочуваме за добро на сите нас што живееме во Република Македонија,“ рече Иванов./Б.Н.Т

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.