Претпладне сончево, попладне со дожд и грмежи!
Објавено на 7 мај, 2013 во 06:53
Времето денеска претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.
Претежно сончево со локална облачност во текот на целиот ден ќе биде само во југоисточните предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 28°C.
Во Скопје во вторник претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со дожд и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна ќе достигне до 25°C.