Умерено нестабилно со дожд попладне!
Објавено: 8 мај, 2013, во 06:26 часот
Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно, попладне ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.
Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен и источен ветер.
Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 28°C. Ув индекс 6.


