Владиката Петар: „Погрешно бев разбран, изјавата беше извадена од контекст„!

Објавено на 8 мај, 2013 во 15:54

По негативните коментари за неговата изјава за жените подвластени на мажот и виновни за разводите и падот на наталитетот денеска Владиката Петар со оценка дека била погрешно протолкувана и извадена од контекст. Тој не одредувал кој е глава на куќата, туку само интерпретирал извадоци од Евангелија.

– Никаде не употребив такви зборови кои беа присутни во коментарите кои по се изгледа имаа за цел целата изјава да ја извадат од контекст. Она на што сакав да укажам е да не си ги грешиме повеќе душите со чедоморството и прељубодејствието, на што всушност не повикува и шестата и седма божја заповед „Не убивај“ и „Не врши прељуба“ – вели Владиката Петар.

Негира дека на било кој начин имал намера да ги навреди жените туку напротив според него одговорноста за направените гревови подеднакво треба да ја сносат како мажите, така и жените./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.