Целодневни врнежи од дожд!

Објавено: 9 мај, 2013, во 06:40 часот

Времето во Македонија денеска ќе биде со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот постепено ќе престануваат.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 13 Целзиусови степени, додека дневната ќе се движи од 17 до 22 степени.

Во Скопје и околината слично време, претпладне со повремен локален дожд, а во попладневните часови постепено врнежите ќе престануваат и ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.

Утринската температура ќе се спушти до 11 Целзиусови степено, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.