Македонците масовно се селат во странство!
Објавено на 11 мај, 2013 во 12:13
За 13 години вкупно 230 илјади граѓани официјално се иселиле од Македонија и имаат регулиран престој во странство. Тоа претставува повеќе од 10 отсто од вкупното население во земјава.Овие податоци се на службата за статистика на ЕУ Еуростат.
Според оваа статистика 170 илјади Македонци имаат привремен престој во земјите од ЕУ. Најбројни се македонските иселеници во Италија, Германија, Австрија и Словенија.
Во периодот од 2002 година до 2008 година им биле одобрени најголем број странски државјанства на македонските граѓани. Околу 5.000 луѓе годишно добивале пасош во друга земја. Но, со оглед на тоа што не се знае колку луѓе имаат нерегулиран престој во странство, се претпоставува дека бројката е многу поголема.