Три самоубиства за седум дена во Полошко!
Дваесет и петгодишна жена си го одземе животот со бесење во гостиварското село Врањовце.
Р.Н која е мајка на четири малолетни деца, била пронајдена вчера по полноќ во плевната. Случајот во полиција го пријавил нејзиниот девер, кој телото на снаата го пронашол обесено на јаже префрлено преку греда. Жената веднаш била пренесена во болницата во Гостивар, каде лекарите ја констатирале нејзината смрт.
Со овој случај, за нецел месец, бројот на самоубиствата во полошкиот регион се искачи на пет. Претходно беа регистрирани две случаи со смртен исход од давење во Пена во Тетово и во Гостивар во Вардар, пренесе Утрински.
Во тетовско – гостиварскиот крај се регистрирани дури десетина самоубиства во изминатите месеци, што е доволен знак за поорганизирани проучувања. Ова особено е поради фактот што се регистрирани и повеќе обиди за самоубиства со труење со лекови, што како појава особено е забележително кај помлади лица и жени.