Не чека најжешкото лето !?
Објавено на 13 мај, 2013 во 15:33
Британската метеоролошка служба излезе со предупрердување дека летото оваа година ќе биде едно од најжешките во изминативе 150 години.
Нивните прогнози се дека температурите ќе бидат повисоки од оние што биле измерени во 2003 година, за кои се сметаше дека се највисоки во изминатите 150 години.
Метеоролозите од Британија велат дека летото ќе биде окарактеризирано со топлотни бранови и суши. Јуни, јули и август ќе бидат месеци кога живата во термометрот екстремно ќе се искачи.
За потсетување, и пред почетокот на зимата што е веќе зад нас доаѓаа прогнози дека ќе имаме екстремно ладна зима, но таквите прогнози воопшто не се реализира. Зимата беше една од најблагите. Дали прогнозата за летото ќе се реализира останува да видиме./ А.Д
