Лажна дојава за бомба во министерство за економија!
Објавено на 31 мај, 2013 во 14:07
Поради телефонска дојава од анономен јавувач за подметната бомба, попладнево, вработените од Министерството за економија, но и од соседните институции ги напуштиле канцелариите и излегле надвор на улица.
Мерки превзело МВР.
Биле проверени просториите и било утврдено дека станува збор за лажна дојава. Бомба немало а вработените се вратиле на работните места, објави А1.он.