ВРЕМЕ: Облачно, ветровито и посвежо!
Објавено на 1 јуни, 2013 во 07:06
Времето денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и посвежо. Нестабилно со локални врнежи од дожд ќе биде во северозападните, западните и во крајните источни и североисточните предели.
Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер. Утринската температура од 5°C до 13°C, а максималните дневни ќе се движат од 16°C до 27°C. Ув индекс 7.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со можност за локални врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен југозападен ветер. Утринската температура од 8°C, а максималната дневна ќе достигне до 23°C. Ув индекс 7.