ОБСЕ: „Притворот на новинарот негативен сигнал за слободата на медиумите“!
Објавено на 31 мај, 2013 во 20:47
“Задржувањето на г-дин Кежаровски испраќа негативен сигнал за состојбата на слободата на медиумите во земјата” се огласи денеска Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за Слобода на медиумите.
Од ОБСЕ сметаат дека притвор на новинарот во Скопје за една статија објавена пред неколку години е прејудицирана одлука и негативно влијае на слободата на медиумите.
“Новинарите мора да им биде дозволено да го вршат истражувачкото новинарство на прашања од јавен интерес, ослободени од заканата од затвор и без да бидат принудени да ги откријат своите извори.”
Мијатовиќ додаде дека дури и во случаи каде што имало прашања на доверливост или за заштита на сведоци, притворот на новинарите е “прекумерна“ одлука.