Новинарите утре на протест за подршка на колегата Кежаровски!
Објавено на 24 јули, 2013 во 20:00
Новинарите утре ќе одржат протест за да изразат револт откако судот денеска за уште 30 дена му го продолжи притворот на новинарот Томислав Кежаровски.
Протестот е закажан за во 11 часот пред Кривичниот суд.
Кежаровски трет ден штрајкува со глад. Поради неговото апсење реагираа европските асоцијации на новинари, кои побараа слобода за новинарот.