МРТВ ќе пушти трет тв канал!

Објавено на 29 јули, 2013 во 09:09

Македонката радио телевизија на есен има во план да пушти нов, трет канал. Како што објаснува директорот на телевизијата каналот нема да бил специјализиран за една содржина, туку ќе емитувал музичка, спортска и филмска програма. Каналот ќе бидел на македонски јазик, а ќе бидел сличен како вторите програми на српската и хрватската радиотелевизија.

Третиот канал ќе ги користи постојните ресурси на МРТ и според директорот Марјан  Цветковски, неговото работење нема дополнително да го оптовари буџетот на јавниот радиодифузер.

МРТ на првиот канал емитува програма на македонски јазик, додека на вториот канал емитува програма на албански, турски, српски, ромски, влашки и бошњачки јазик. Сервисот го емитува и Собранискиот канал наменет за пренос на активностите во Собранието, како и еден сателитски канал наменет за иселениците.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.