Царината откри емигранти во камион на патот Гевгелија – Смоквица

Објавено на 2 август, 2014 во 14:19

Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи утринава во 01:00 часот по полноќ на патниот правец Гевгелија – Смоквица спречија обид за нелегална миграција на петнаесет лица.

Царинските инспектори за преглед за контрола запреа товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки. Во моментот кога од возачот е побарано да го отвори товарот тој се дал во бегство, ја прескокнал жичаната ограда покрај автопатот и се одалечил од местото. При прегледот на возилото во делот за товар пронајдени се 15 лица кои не поседувале никакви документи за идентификација. Според нивните изјави 14 се од Авганистан и едно лице од Еритреа, соопшти Царинската управа.

За случајот веднаш се известени надлежните служби од Министерство за внатрешни работи, кои по итна постапка ги превзеле откриените мигранти и возилото за понатамошно постапување.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.