Внимателно возете во клисурите и засеците

Објавено на 4 август, 2014 во 07:48

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви и чисти коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, од македонската страна на премините.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.