Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини

Објавено на 12 август, 2014 во 07:42

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, со напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека денеска (вторник) 12.08.2014 од 08 до 16ч, на патниот правец Р2235, с. Маврово – Маврови Анови, делницата од раскрсницата кон Галичник до хотелот Бистра, ќе биде затворена за сообраќај на сите возила поради изведување на градежни работи-асфалтирање. За сообраќај ќе може да се користи алтернативниот пат преку с. Леуново.

Поради изведување работи на пат ( гребење на асфалт ) на патниот правец Велес – Скопје ( од З.П. Кула – до тунелот Катланово ) сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Кичево-Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори.

На патниот правец А2 од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога.

На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.

На патниот правец Р1105 Фурка-Дојран, се изведуваат градежно-асфалтерски работи. Поставена е соодветна патна сигнализација.

На патниот правец Велес-Штип од 23.05.2014 г. се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до с.Лозово.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.