Македонец меѓу уапсените џихадисти во Косово

Објавено на 13 август, 2014 во 14:09

Mеѓу уапсените џихадисти кои полицијата ги уапси во Kосово има и македнски државјанин, јавија локалните медиуми.

Според информациите станува збор за  32 годишниот Бесим Шабани кој подолго време живеел во Урошевац.

Тој е еден од четириесетмината осомничени за учество во борбите во Сирија и Ирак и за поддршка на терористички организации.

Тие денеска биле сослушани во Приштина по што им бил одреден 48 часовен притвор.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.