Војни почести по повод Денот на АРМ

Објавено на 14 август, 2014 во 07:15

По повод чествувањето на Денот на АРМ – 18 Август денеска на градските гробишта во Бутел во Скопје, е предвидена церемонија за полагање венци со свежо цвеќе со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Венци со свежо цвеќе ќе положат министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, како и делегации од Kабинетот на претседателот, на Собранието, на Владата, Сојузот на борците од НОВ, семејствата на поранешните претседатели на Република Македонија, Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија и други.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.