По Хрватска, циклонот „Нестор“ ќе се спушти во Македонија

Објавено на 15 август, 2014 во 06:19

Силно невреме проследено со обилни врнежи вчера во Хрватска донесе циклонот „Нестор“. Силен дожд и град попладневно го зафати и Загреб, а од удар на гром изгоре семејна куќа во Копривница. На карловачкото подрачје паѓаше силен град со големмина од 2,5 сантиметри, ветрот уривал стебла. Наврнале над 30 литри дожд на квадратен метар, а до крајот на денот се очекуваат и над 50 литри, јавија хрватски медиуми.

Поради обилните дождови во Загорје се поплавени голем број приземни куќи и подруми.
Во Загреб поројните дождови предивикаа застои во сообраќајот и голем број сообраќајки. Затворени се подвозниците во градот, соопшти полицијата.

„Метеоаларм“ објави портокалово предупредување за најголемиот дел од Хрватска.

Според хрватските синоптичари, циклонот „Нестор“ кон крајот на денот ќе се спушти кон Србија, а во сабота можно е да дојде и во Македонија, но со значително ослабен интензитет, поради што не се очекуваат посериозни проблеми, освен намалување на температурите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.