Во сообраќајка кај Удово повредени три жени од Србија

Објавено на 18 август, 2014 во 13:52

Tри жени се повредени во сообраќајката што се случи утрово кај Удово. Жените биле сопатнички во трите автомобили со таблички од Србија, а повреден е и возачот на автомобилот од Струмица.

Сите повредени се хоспитализирани во гевгелиската болница.

Гевгелиската полиција извести дека три возила со српски и автомобил со струмички таблички утрово околу 6.30 часот се судриле кај Удово, на автопатот Демир Капија-Гевгелија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.