Помалку туристи и во Струга
Изминативе години во Струга исто како и во Охрид има тенденција на опаѓање на бројот на домоашни туристи, додека спротивно на тоа има зголемувње на бројот на странски туристи.
Така во 2011 година во Струга, според податоците од државниот завод за статистика, престојувале 36 459 домашни туристи и 22 620 странски туристи.
Следната, 2012 година, во Струга има намалување на бројот на домашни туристи, така бројката паѓа на 32 451 турист, а бројот на странци бележи мало зголемување, на 23 105 туристи. 2013 година, е година во која има енормно намалување на бројот на домашни туристи во однос на предходната 2012 година, така бројката паѓа на 28 967 домашни туристи, додека имаме огромно зголемување на странските туристи на 30 559, странски посетители.
Во однос на остварените ноќевања, во 2011 година домашните туристи оствариле 231 873 ноќевања, а странците 85 270 ноќевања. Во 2012 година, домашните туристи оствариле 208 207 ноќевања, наспроти странците, кои оствариле 87 519 ноќевања. Во 2013 година, домашните туристи оствариле 187 118 ноќевања, а странците 89 902 ноќевања.
Од странските туристи, најбројни посетители се туристите од Холандија, Турција и Грција.
Трендот на опаѓање на домашните туристи во туристичките центри околу Охридското Езеро не е резултат само на високите цени кои често се спомнуваа изминатиов период за во Охрид. Цените во Струга се можеби пониски од Охрид, но тоа не ги натера домашните туристи масовно да ја посетат и да летуваат во Струга.
