Епидемија на жолтица во Скопје

Објавено на 22 август, 2014 во 13:26

Епидемија на жолтица денеска е прогласена на територијата на градот Скопје поради зголемениот број заболени лица. Центарот за јавнo здравје информираше дека досега се регистрирани 66 случаи.

Најголемиот број од регистрираните, односно 21 се на територијата на општина Шуто Оризари, девет во Аеродром, осум во Карпош, седум во Центар, шест во Чаир, пет во Кисела Вода, по три во Гази Баба и Ѓорче Петров и два случаи во општина Бутел. Заболените лица се на возраст од 3 до 58 години.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.