Листерија најдена во салама на друг производител, затворена болничка кујна

Објавено на 26 август, 2014 во 14:41

Според документот од лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина до кој дојде порталот НОВА, опасната бактерија листерија е пронајдена во пилешка салама на производител кој ја снабдува болничката кујна во Гостивар со месни производи, а тоа не е сега веќе озлогласениот Екстра Меин.

Болничката кујна е затворена по извршената контрола од Агенцијата за храна и ветеринарство, но нема одговор од Агенцијата за храна која е причината за затварањето на кујната од каде што се хранат болните.

Неофицијално, пишува Нова, по ова била направена вонредна контрола во компанијата и резулатите од брисот на полнилка на пилешка посебна салама биле позитивни. Од документот се гледа дека брисевите се земени на 20 август, а резултатите се добиени на 23 август, но никој за ова не ја алармирал јавноста. Директорот на гостиварската болница Илбер Адеми за Нова рекол дека единствена причина за затварањето е што болничката кујна се реновира бидејќи од Агенцијата добиле укажување да го сторат тоа. Но, откако го прашале дали е пронајдена некаква бактерија во храната тој рекол дека сепак има нешто.

-Имаше нешто позитивно колку што знам, но резултатите се уште не се добиени- рекол Адеми.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.