Сточните пазари под клуч поради болеста син јазик

Објавено на 26 август, 2014 во 14:56

Сточните пазари остануваат затворени поради болеста „син јазик“ која што се појави кај добитокот, јави Нова ТВ.

Според последните податоци од Агенцијата за храна и ветеринарство, заклучно со вчерашниот ден регистрирани се дури 197 жаришта во 21 општина во земјава. 

Паралелно се зголемува и бројот на заразен добиток и досега заболени се 1.920 овци, 36 кози и 14 говеда. Од болеста досега угинале најмногу овци 348 и 10 говеда, кај козите нема смртни случаеви. 

Надлежните велат дека ваквата ситуација била очекувана, но смируваат дека се превземаат сите потребни мерки за справување со болеста.

Вирусот син јазик последен пат во земјава беше регистриран пред 13 години. Се работи за вирус кој кај добитокот предизвикува зголелема телесна температура, абортуси, намалена млечност и смртност.

Не се пренесува од животно на животно, од животно на човек, ниту на млекото и месото, туку главен преносител се мушчки слични на комарците.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.