Уште една снимка од тепачката во Собрание

Објавено на 27 август, 2014 во 06:32

Порталот Алмакос објави уште едно видео од тепачка во собранието во која  Орхан Ибрахими од ДПА, и пратеникот на владеачката ДУИ, Талат Џафери, кои во текот на расправата размениле  навредливи зборови,  тешки пцости, а потоа кавгата ја продолжиле со боксови и клоци. Во тепачката се приклучиле и други пратеници.

{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=9zrOV2xSGQs{/youtube}

Партијата на Мендух Тачи побара кривична одговорност за настаните од петтемина пратeници на ДУИ, а објави и дека од вчера се во бојкот, т.е. излегуваат од Собранието. Од ДУИ, пак, велат дека инцидентот е инициран од ДПА и тоа поради нивните фрустрации од постојаните порази кои ги рефлектираат со тупаници. Партијата на Али Ахмети бара да се формира анкетна комисија за расчистување на настанот и да се посочат одговорните за него.

Пратениџите на ДПА ова го оквалификуваа како напад врз опозицијата, и се повлекуваат од целосната работата на собранитето. Речиси ист потег  како лани . кога на црниот понеделник беше на сила извлечена опозиционата СДСМ и кога веа тепани новинарите,сега по црниот понеделник добивме и црн Вторник. Тофгаш тепаа полицајци сега се тепаа меѓу себе пратениците.

Претседателот на парламентот Трајко Вељановски за денеска свика вонредна координација на пратеничките групи за да направат обид за пеглање на тупаниците и клоците од собраниската сала, објави Локално.мк.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.