Пратениците кои се степаа се јавно опоменати
Претседателот на Собранието Трајко Велјановски на почетокот на денешната седница соопшти дека јавно се опоменати пратениците кои учествувале и го предизвикале вчерашниот инцидент за време на расправата на Комисијата за буџет.
Денеска во Собранието имало координативен состанок меѓу пратеничките групи и тогаш е донесена одлуката за јавна опомена на пратениците од ДУИ и ДПА кои вчера се степаа во Собранието.
Велјановски изрази жалење и потенцира дека тој ниту како пратеник ниту како човек неможел да го прифати насилството како начин на пресметка.
Тепачка изби кога пратениците на ДПА Орхан Ибраими и Талат Џафери од ДУИ по жестока расправија и физички се пресметаа.
На тепачката и се приклучија сите, по што обезбедувањето реагираше и ги раздвои.
Во обид да ја смират ситуацијата присутните на Комисијата и обезбедувањето ги раздвоија пратениците и беше прогласена пауза на седницата.
