Расне бројот на сторители на семејно насилство
Расте бројот на пријавени случаи на жртви на семејно насилство алармираат надлежните. Најчести жртви и натаму остануваат жените а во најголем дел од случаите сторители се мажи.
Според последните податоци бројот на досега пријавени случаи е околу 1000. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ги презентираше новите законски решенија.
– Бројките и процентите немилосрдно говорат дека жените во огромен процент се жртви на физичкото насилство споредбено со мажите, како и фактот дека мажите се јавуваат доминантно или целосно како извршители на психолошко, физичко или сексуално насилство. Полот има значење на суштествен фактор на ризик за насилство врз стари лица, т.е. жените се најчесто изложени на сите видови на насилство само заради тоа што се жени – потенцираше Спасов.
Дел од невладините пак ги поздравија, иако сметаат дека земјава треба да пристапи кон ратификување и на конвенцијата на Советот на Европа за борба против насилството врз жените.
