Пронајден машки труп
Објавено на 3 октомври, 2014 во 12:31
Случајни минувачи синоќа околу 22 часот пронашле машки труп во Штип.
Трупот е пронајден во индустрискиот дел на градот, конкретно локацијата каде се сместени повеќе угостителски објекти.
Според информациите од Полицијата, станува збор за природна смрт. Граѓани кои што го познавале 55 годишниот штипјанец велат дека тој имал здравствени проблеми, посебно срцеви тегоби.
