Зад Кежаровски застанаа меѓународната и европска Федерација на новинари

Објавено на 6 октомври, 2014 во 14:53

Осудениот новинар Томислав Кежаровски доби голема поддршка од меѓународната и европската федерација на новинари зад која стојат 300 илјади негови колеги. Претседателот на федерацијата ги повика македонските власти да го преиспитаат случајот и најави дека ќе се вклучи во борбата за негова слобода, јави Телма.

Во случајот со Кежаровски забележуваме дека се кршат европските и меѓународните новинарски стандарди. Поради тоа ние ќе продолжиме да се бориме за него и го поддржуваме. Тој само ја вршел својата работа, истражувал случај затоа што е новинар, но е нападнат од властите. Ја работел работата најдобро што знае. Еден е од многуте кој работел професионално, но и еден од оние кои беа нападнати од властите, рече Мојенс Бјерегард.

На 24 октомври апелациониот суд ќе одлучува за првостепената пресуда на Кежаровски кој е осуден на четири и пол годишна затворска казна за објавување на идентитет на заштитен сведок и 16 месеци е во притвор од кој 10 во домашен. Неговите колеги од земјава  го повика Апелациониот суд да донесе правична пресуда.

Во ЗНМ загриженост и за случајот во кој директорот на ДБК Сашо Мијалков по судски пат бара оштета од 9 илјади евра поради клевета во напишан текст во весникот Фокус. ЗНМ и синдикатот на новинарите го повикаа да се откаже од намерата оти велат ова е застрашувачка порака која ја испраќа власта во една недемократска земја. Дел од заклучоците на дводневната конференција, се однесуваат токму на преиспитување на судските одлуки и запирање на ограничувања на критички настроените медиуми.

Денеска преставници од европската федерација ќе се сретнат со Кежаровски во неговиот дом, додека вечерва организираат солидарна акција за него. Велат слични на неговиот случај има уште во Унгарија, Бугарија и Турција, каде со затворски казни директно се врши притисок врз новинарите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.