Извештајот на Европската комисија пред пратениците

Објавено на 21 октомври, 2014 во 07:25

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2014 година денеска е на дневниот ред во Собранието на Македонија.

И годинава Македонија доби препорака за отпочнување на преговорите за влез во Европската унија, но Извештајот содржи и низа забелешки за што македонската Влада изготвува Акциски план.

Извештајот за напредокот беше разгледуван од пратениците во сите собраниски комисии, како и од Националниот комитет за евроинтеграции.

Денешната расправа следува откако Собранието го усвои Буџетот за 2015 година чии приходи се проектирани на 163.280 милијарди, а расходите на 181.777 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 проценти од БДП, растот на економијата е проектиран на 4 проценти, а инфлацијата до два проценти. За капитални инвестиции предвидени се 21.209 милијарди денари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.