Времето викендов
Нестабилното време ќе продолжи и денеска кое ќе биде проследено со засилен ветер. Ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините над 1500 метри со врнежи од снег.
Во доцните попладневни часови врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер.
Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 0°C до 7°C, а максималните дневни температури од 6°C до 14°C.
Во Македонија во недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и студено. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и од 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а максималните дневни температури од 7°C до 15°C.
