Променливо облачно со локални врнежи од дожд
Објавено на 5 ноември, 2020 во 07:27
5.11.2020
Времето претпладне променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а облачноста значително ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Од петок и во следните денови утрата ќе бидат студени со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.
