Заев вечерва ќе има обраќање на виртуелниот „Thessaloniki Summit 2020″

Објавено на 5 ноември, 2020 во 07:46

Zaev fin

5.11.2020

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев вечерва со снимено видео обраќање ќе учествува на петтиот „Thessaloniki Summit 2020″, што оваа година, поради пандемијата ќе се одржи онлајн, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонскиот премиер, неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, албанскиот премиер Еди Рама и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји ќе упатат видео пораки на панелот за ЕУ перспективата на Западен Балкан, што ќе се одржи на првиот ден од Самитот.

„Thessaloniki Summit 2020″ е под покровителство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, го организира Федерацијата на индустрии на Грција во соработка со „Делфи економскиот форум” и со поддршка од „Enterprise Europe Network Hellas”, а оваа година ќе биде во форма на дводневен виртуелен настан.

Македонскиот премиер и лани учествуваше на Самитот во Солун, а на маргините на „Thessaloniki Summit 2019″ оствари средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Извор: МИА

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.