СДСМ: Универзална сала во Скопје ќе ја сочуваме во постојната форма
12.11.2020
Ребалансот на Буџетот за 2020 година, усвоен од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, ја отвори можноста за финансирање на 19 капитални инвестиции во повеќе општини, меѓу кои е и реконструкција на Универзалната сала во Скопје, велат од СДСМ.
-Сепак, Универзална сала не ги задоволува среднорочните и долгорочните потреби за културата во Скопје- велат од СДСМ.
За целосна реконструкција на Универзална сала, која беше омилена културна институција во Скопје, се предвидени 120 милиони денари буџетски средства.
-Овој чекор произлезе како резултат на широката поддршка од јавноста за идејата Универзална сала да ја сочуваме во постојната форма, на постојната локација и да го задржи својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. Реконструкцијата на Универзална сала по проект којшто ќе ја задржи постојната големина и облик е оптимално и единствено разумно решение за повторно ставање во функција на овој објект. Сепак, Универзална сала не ги задоволува среднорочните и долгорочните потреби за културата во Скопје- велат од СДСМ.
Затоа неопходна е изградба на нова концертна сала велат оттаму, со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно сообраќајно решение за пристап до салата, и ред други просторни и технички стандарди за ваков тип на објекти.
