Анкета во Бугарија: Поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ, но условена

Објавено на 13 ноември, 2020 во 13:48

 во Бугарија Поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ но условена

13.11.2020

Мнозинството во Република Бугарија силно го поддржува пристапот на Северна Македонија во ЕУ, но ако претходно го исполни договорот со Бугарија, покажува анкета на Галуп. Само 8 % од испитаниците се за безусловна поддршка на Македонија.

Бугарските граѓани силно ја поддржуваат Северна Македонија, поддржувајќи го нејзиниот пристап кон ЕУ и потврдувајќи ги традиционално високите симпатии за земјата со која постои заедничка историја. Но, тие категорично инсистираат, пред да размислуваат околу членството на југозападнот сосед во ЕУ, прво да се регулираат односите со Скопје. Предуслов е Скопје веднаш да го исполни својот договор со Бугарија. Ова го покажува кратка анкета на Галуп интернационал Балкан, реализирана во форма на лични интервјуа со 808 возрасни Бугари во периодот меѓу 29 октомври и 6 ноември годинава. Анкетирањата се дел од независната месечна истражувачка програма на агенцијата.

Испитаниците биле замолени да направат избор која од двете понудени опции е поблиска до нивното мислење:

„За Република Северна Македонија е најважно да стане членка на ЕУ, без оглед што нејзините односи со Бугарија не се целосно регулирани” или: „Најважно е регулирање на односите на Република Северна Македонија со Бугарија, а не е важно дали таа ќе стане членка на ЕУ”. Првата опција ја избрале 5,8 проценти, а за втората се одлучиле 57,9 проценти од испитаниците.

Треба ли Македонија да стане членка на ЕУ? Само 6,1 % од испитаниците сметале дека Бугарија не треба да ја поддржува својата соседна република под никакви услови. Меѓутоа, само 8% од испитаниците се за безусловна поддршка на членството на Северна Македонија во ЕУ. Мнозинство од 51 % се одлучило за опцијата: „Бугарија треба да ја помага Република Северна Македонија за членство во ЕУ само ако РСМакедонија брзо го реализира својот договор со Бугарија.”

Голем дел од интервјуираните, 36,3% признаваат дека не можат да дадат одговор со оглед на комплексната природа на темата или воопшто не сакаат да коментираат. Посебно во групата на најмлади, не се многу запознати со темата.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.