Сончево и студено време

Објавено на 1 декември, 2020 во 09:57

suvstud fin

1.12.2020

Времето денеска ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3 степени, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -7 степени, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен и јужен правец. Температурите на воздухот ќе бидат во пораст.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.