(ВИДЕО) Џафери: Да ја надминеме пандемијата и да тргнеме кон ЕУ во 2021
Објавено на 31 декември, 2020 во 15:28
31.12.2020
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, упати видео честитка до граѓаните на земјава за новата 2021 година, посакувајќи им сѐ најдобро на индивидуален и фамилијарен план.
Џафери посака во новата година надминување на пандемиската состојба и остварување на стратешката цел – членство во Европската Унија.