АМСМ: Магла и намалена видливост на Пресека и Стража
11.01.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од дожд има низ целата држава. Намалена видливост поради магла има од 50 до 100 метри на планиските премини Стража и Пресека.
Патниот правец Маврово – Дебар е нормализиран и прооден за сообраќај за сите типови на возила.
Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г.п. Ќафасан (од бензиска пумпа ОКТА до влез во село Радолишта) брзината е ограничена на 40км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.