Дождот значително ги зголеми водостоите на реките
12.01.2021
Врнежите на дожд го кренаа водостоите на реките. Како најкритични вчера беа посочени реките Вардар горен тек, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика, Сатеска и нивните притоки. Локални излевања имаше на Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во кумановскиот регион, на водотеци во Охридскиот и Битолскиот регион, а поради заситената почва со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија и Полог.
Променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд ќе преовладува денеска. На планините на север се најавуваат врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во долж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови, информира Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР).
Поради врнежите во изминатите денови зголемени се нивоата кај сите водотеци и езера низ државата, поради што од УХМР предупредија за внимателно движење покрај тие места поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.