Возете внимателно – сообраќајот се одвива по влажни коловози и остатоци од кашест снег
25.01.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на Јавно Претпријатие Мекедонија пат.
Во текот на денешниот ден врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Буково, во Маврово и во Крушево. На планинскиот превој Пресека врнежите се од дожд и снег.
Авто Мото Сојуз на Македонија заедно до Јавно Претпријатие Македонија пат, препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Стефани Манева
#МакедонијаПат #ДржавниПатишта #АМСМ #ПрилагоденаБрзина #ВрнежиОдСнег