АМСМ: Поради врнежи од снег, воведена е забрана за движење на повеќе локации
26.01.2021
Авто Мото Сојуз на Македонија ги известува сите граѓани на Република Македонија дека поради интензивни врнежи од снег, од 12 часот се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка и се препорачува задолжително зимска опрема за лесни моторни возила како и автобуси.
Од 12 и 30 часот, забрана е воведена за движење на тешки моторни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.
Од 13 часот, поради врнежи од снег, се забранува и движењето на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Маврово.
Се апелира до сите граѓани, да возат внимателно со прилагодена брзина и со задолжителна зимска опрема.
Среќен пат!
Стефани Манева
#АМСМ #Известување #ЗабраниЗаДвижење #ИнтензивенСнег