Мијалков: Се извинувам на целата македонска јавност, јас никогаш нема да побегнам
Објавено на 23 февруари, 2021 во 17:16
23.02.2021
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска се пријави во Обвинителство за да си го земе решението за притвор.
На прашањето на екипата на телевизија 24 дали бил во бегство, Мијалков одговори дека бил во Македонија и дека разбрал утрово за потрагата и дека навистина му е жал.
-Еве доаѓам во обвинителство откако дознав, вчера бев на жалост навистина болен со преку 40 температура и кога утрово дознав за ова што се случува решив да дојдам и да се јавам. Бев во изолација бидејќи имав симптоми на ковид 19.Се извинувам на целата македонска јавност на сега пак јавно ќе повторам јас никогаш нема да побегнам, изјави Мијалков.
Извор: 24 Вести