Мијалков осуден на 12 години казна затвор за „Таргет тврдина“

Објавено на 26 февруари, 2021 во 11:17

 ПРЕСУДА 2

26.02.2021

Масовното прислушување се вршело со цел стекнување предност во политичкиот и општествениот живот, кажа при изрекувањето на пресудата судијата Владимир Туфегџиќ. Тој истакна дека овој предмет треба да биде опомена кон безбедносните органи, кои треба да ја запазуваат безбедноста дури и ако ја прекршуваат надредените лица.

-Очекуваме и независна истрага за домашниот притвор на обвинетиот Мијалков и утврдување дали има пропуст кај државните или правосудните органи, заклучи судијата Туфегџиќ.

Според образложението судот утврдил дека биле злоупотребени системите за прислушување на УБК, а злосторничкото здружување, на чие чело бил Мијалков, имал целосна контрола врз протокот на информации.

Првообвинетиот, Сашо Мијалков, заработи казна затвор во висина од 12 години, за три кривични дела, односно злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и примање награда за неовластено влијание.

Останатите обвинети беа исто така прогласени виновни за низа кривични дела.

Гордана Јанкуловска – 4 години
Горан Грујовски – 15 години
Тони Јакимовски – 6 години
Никола Бошковски – 15 години
Надица Николиќ – 3 години
Владимир Варелов – 2 години условна казна
Маријан Шумуликовски – 2 години условна казна

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.