Филипче: Околу 10 илјади граѓани заминале на вакцинација во Србија
Објавено на 1 април, 2021 во 11:53
01.04.2021
Министерот за здравство Венко Филипче денеска покрај изразувањето на благодарност до нашиот сосед за новата донација на вакцината Спутник V информираше дека околу 10 илјади граѓани ја преминале границата и заминале на вакцинација во Србија.
-Контактирав со колегата Лончар тој ќе ни испрати податоциво електронска форма за тоа колку граѓани се вакцинирале во Србија со цел да имаме предвид ако некој не може да се ревакцинира во Србија да може истата вакцина да ја прими кај нас, вели Филипче.