Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита
05.04.2021
Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2021 година.
-Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 5 април 2021 година, стои во соопштението на Министерство за труд и социјална политика.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19,за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 05.04.2021– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
– 06.04.2021– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.
Стефани Манева