УХМР: Денеска сончево време, од пладневните часови појава на локален дожд
06.04.2021
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер кој на југоисток ќе засилува. Од пладневните часови претежно на југоистокот ќе има појава на локален дожд. Нови врнежи од дожд ќе започнат од вечерните часови од северозапад, а на планините и понекаде на повисоките места тие ќе бидат од снег.
Нов бран од врнежи од дожд ќе започне од вечерните часови од северозапад и ќе продолжат утре преку денот. На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозападот повремен снег ќе има и на повисоките места. Во среда и во четврток ќе дува засилен северозападен ветер.
Од четврток ќе биде стабилно со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Стефани Манева
