Продолжува масовната имунизација против ковид-19, на првиот ден вакцинирани околу 3 000 лица

Објавено на 6 април, 2021 во 07:43

boris trajkovski1

06.04.2021

Вчера започна масовната имунизација во салата Борис Трајковски.

За вработените во критичната инфарструктура во се користат 20.000 дози Спутник донација од Србија.

Граѓаните пред да ја примат вакцината при влез прво пополнуваат прашалници за нивната здравствена состојба, дали имаат температура, некаква алергиска реакција, хронична болест разговараат со лекар.

На терен работи тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата се одредени места каде вакцинираните се под опсервација 15 до 20 минути. На самото место има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.

Според информациите од министерството за здравство во текот на вчерашниот денот двајца граѓани добиле панични напади од самата постапка за вакцинација, но по инервенцијата на екипата на Брза помош нивната состојба се стабилизирала.

Масовната имунизација се спроведува на 48 позиции во салата Борис Трајковски.

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа оцени дека одлично поминал првиот ден од вакцинацијата во А1 Арената „Борис Трајковски” и оти во просек се вакцинирале околу 300 лица на час, односно околу 3 000 дневно.

– Денеска се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинациајта на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок, објави синоќа на ФБ Филипче, потсетувајќи дека од денеска стапуваат во сила поригорозни мерки и повика сите да дадеме придонес во битката со пандемијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.