Филипче: Престојните празници се голем епидемиолошки ризик

Објавено на 22 април, 2021 во 08:13

filipce

22.04.2021

Состојбата со вирусот се стабилизира и спласнува притисокот врз болниците, вели Mинистерот за здравство Венко Филипче, во своето гостување во Сител.

– Иако состојбата се стабилизира мора да останеме максимално претпазливи. Оваа недела ќе ја анализираме епидемиолошката состојба и трендовите по што ќе одлучиме дали и какви мерки ќе има за време на празниците. Граѓаните максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно да се внимателни за претстојните празници кои се голем епидемиолошки ризик, изјави Филипче кој додаде дека доколку продолжи овој тренд на намалување на пандемијата ќе се отворат угостителските објекти.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.